International Journal of Sciences and Arts, произлегува како научно истражувачко списание од соработката помеѓу Институтот за наука, уметност, култура и спорт и Новиот Бугарски Универзитет од Софија. На последната конференција што се одржа на 28.11.2019 година во хотел Буши во Скопје земаа активно учество и: Министерството за земјоделие, храна и шуми на Република Бугарија и Агенција за контрола на храна на Република Северна Македонија. Конференцијата се одржа под мотото:“Глобални проблеми-регионални решенија”. Истото, од овој момент прераснува во списание кое континуирано ќе ја збогатува научната мисла во светски рамки.

International Journal of Sciences and Arts  глобално и сеопфатно се поставува на пиедесталот кој му припаѓа на научно истражувачката дејност во нашите држави. Преку интернационалното списание го легитимираме: научното,  образовното и општественото значење на научните подрачја кои се опфатени во него без ограничувања.

Трудовите кои се објавени во оваа списание  ќе дадат придонес и остават траги во научната мисла од сите подрачја создавајќи една нова  димензија и парадигма во научниот, општествениот и стопанскиот развој на нашето  општеството и пошироко.

Зборовите на Алберт Ајнштајн искажани во една пригода “Нема тој број на експерименти кои можат да докажат дека сум во право но на друга страна само еден експеримент може да докаже дека не сум”  не наведува на макотрпниот пат кој секој од нас како научен работник треба да го помине при создавањето на своите дела.

Основната цел на списанието како што може да се види од мултидисциплинарниот наслов на истото е отварање на развојните перспективи кои се наметнуваат како единствени можни решенија во  време на кризи, во време на динамички транзиции, во време на трансформации на природни, општествени и економски појави.

Целите се заеднички за сите нас а како такви се изведени од потребата на општествената заедница со согледување на перспективните можности во идниот временски период. Сите трудови кои се опфатени во научното списание нудат предлози и можности за постигнување на поголем степен на нормализација, стабилизација, хармонизација, кохезија, социјална инклузија, економски раст и развој, здравствена стратегија и политика, квалитет во исхрана односно инклузија на елементи кои се значајни за  општественото живеење.

Ралф Емерсон, Американскиот есеист, писател и поет кажува  “Науката никогаш не решила некој проблем а да не создаде десет нови”. Тоа е поентата на континуираноста во истражувањата, тоа е поентата на висока енергија која произлегува од создавањето. Мораме да веруваме во себе, мораме да веруваме во онаа што го работиме, мораме да веруваме во науката. Зошто? Затоа што науката како начин на размислување е далеку повеќе од онаа кое што во моментот знаењето го опфаќа.

Јазикот на журналот е исто така мултинационален: Македонски, Бугарски, Србски, Англиски и се разбира останува простор за надополнување; со цел да ги отргнеме јазичките бариери како пречка во научниот развој.

Уште еднаш би сакал на сите учесници кои со своите трудови учествуваа во креација на International Journal of Sciences and Arts да им посакам успешна презентација на своите научни дека со желба и надеж дека сите Ваши сегашни и идни истражувања и откритија ќе бидат во функција на мирот и прогресот на човештвото.

Во име на уредувачкиот одбор

Проф.д-р Маријан Стевановски